Само неколку часа откако ја освои 101-та титула во Атина, пристигна веста што многумина ја очекуваа. Новак Ѓоковиќ нема да настапи на завршниот АТП Мастерс во Торино. Веста ја потврди, иронично, токму Лоренцо Мусети, финалистот кој Ѓоковиќ го победи денеска во исцрпувачкото финале во Атина. Оваа одлука на 38-годишниот Србин значи дека токму Мусети, заедно со Феликс Оже-Алијасим, се последните двајца патници кои обезбедуваат место на завршниот ...

Новак Ѓоковиќ повторно ја испиша историјата на тенисот. Српскиот ас на 38 години ја освои титулата на АТП турнирот во Атина, победувајќи го Лоренцо Мусети во драматично финале со 4-6, 6-3, 7-5, по речиси три часа борба. Со овој триумф, Ѓоковиќ ја освои својата втора титула оваа сезона и вкупно 101-ва во кариерата, со што се доближи до легендите Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109). Истовремено, Новак стана најстариот АТП шампион од 1990 ...