Подигнат е водостојот на реката Драгор во Битола поради обилните врнежи дожд, а екипи на јавните претпријатија на терен со механизација интервенираат на критичните точки за да не дојде до несакани последици. Од Општината соопштија дека засега ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активности во текот на целиот ден, онолку долго колку што е потребно. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека е поплавена и фарма во ...

Намален е притисокот на водата во водоснабдувањето во Битола поради интензивните врнежи од дожд кои ги заматија водотеците на Пелистер. Вода моментално се користи исклучиво од Стрежевското Езеро. „Битола пие чиста вода од Стрежевското Езеро. Притисокот во чешмите е намален бидејќи ноќеска имаше прекин на струјата во пумпна станица и на филтерница. Бидејќи од планина се слева матна вода со органски материи, ЈП Водовод ја користи само ...