Наместо како што се очекуваше до крајот на 2027 година, новиот граничен премин помеѓу Лемос во Грција и Маркова Нога во Северна Македонија, во Преспа, ќе биде оперативен во 2028 година. Иако кога беше официјално објавен од двете страни во февруари минатата, 2025 година, беше сопштено дека проектот има тригодишна временска рамка, некои изјави сугерираа дека може да биде пуштен во употреба до крајот на 2027 година. Сепак, во изјава за СДК.мк, ...

Граничниот премин Маркова Нога-Лемос од грчката страна треба да биде изграден до април 2028, наместо до крајот на 2027, како што беше најавено во март 2025. Според објавата на Општина Преспа, Грција, договорот за градежни работи и уредување на околината на граничната станица Лемос беше потпишан во април годинава, што значи таму допрва ќе почне да се гради. Рокот е 24 месеци што значи дека треба да биде завршен до април 2028 година. Од ...