Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го потпишала указот за прогласување на измените и дополнувањата на Кривичниот законик, со што законот стапил на сила и бил објавен во „Службен весник“. Потписот доаѓа веднаш по собраниското гласање, на кое измените поминаа со 76 гласа „за“ и еден „против“. Измените беа предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство, а во јавноста се пласираа како обид да се „поправат“ последиците од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова соопшти дека ги потпишала измените на Кривичниот законик затоа што ги гледа како „транзициски потег“ – привремено, „помеѓу решение“ до носењето целосно нов Кривичен законик. Во своето образложение таа нагласи дека дел од постојните одредби биле „на работ на уставноста“ и дека со евентуално укинување или поништување би се создал правен вакуум, што државата, според неа, не смее да си го дозволи. ...

