Петнаесеттата и шеснаесеттата вечер на „Summer comedy marathon 2025“ донесоа две извонредни шоуа со уште подобри трансформации на актерите од охридската стендап сцена. Шоуто Црн хумор во култниот Џез Инн кое експресно беше распродадено денови пред настанот, сосема ги оправда очекувањата. Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски, Зоран Донев и Јован Цветкоски приредија вечер со смели шеги и темен хумор што ја расплака публиката од смеа. ...

Охрид ова лето пулсира во ритамот на најуникатниот и најоригинален културен настан – „Summer comedy marathon“. Фестивалот за кој се бара карта повеќе завршува вечерва со големото финале на Долни сарај со извонредните балкански стендап комичари Срѓан Олман од Србија и Никола Тодороски од Македонија. Шоуто е целосно распродадено што е потврда на квалитетот на „Summer comedy marathon“ кој оваа година високо ја подигна летвичката со исклучително ...

Осумнаесеттаѕа вечер на Summer comedy marathon го донесе шоуто “BEST OF STAND UP 2”. На сцената на култниот Џез Инн публиката имаше можност да ужива во најсилните шеги, најсмешните моменти и најдоброто од шегобијците Никола Тодороски, Зоран Донев, Никола „Братучед“ Сиљаноски, Јован Цветкоски и специјалниот гостин Игор Дрљо. Вечерва на програмата на Summer comedy marathon e шоуто 20 години панк џез со Зоран Донев. „Summer comedy marathon 2025“ ...