Кога се искачи Христос во Ерусалим за празникот Педесетница, дојде во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, која беше именувана „Витезда“, што на еврејски значи „дом на милосрдието“, а беше наречена уште и „Овча бања”, бидејќи во неа ги миеја утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот. Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на Ангелот. Таму ...
Во средата на раслабениот го празнуваме празникот на Преполовение на Педесетницата, заради почеста на двата големи празници – Пасха и Педесетница, бидејќи тој ден е посреде нив и ги соединува двата. Кај Јудејците имаше три големи празници: првиот – Пасха, кој се празнува во спомен на преминувањето преку Црвеното море, вториот – Педесетница, во спомен на пребивањето во пустината, по преминувањето на Црвеното море, бидејќи педесет денови беа во ...