Во Тиквешкиот Регион, во кој живеат повеќе од 65.000 жители, нема шелтер за згрижување жртви од семејно насилство, иако службените податоци од полицијата, од центрите за социјални работи и од организациите што нудат поддршка, несомнено покажуваат дека има голема потреба од вакви безбедни куќи. Авторки: Марија Камчева* и Светлана Дарудова** Зад мирните улици и познатите лица низ Тиквешијата, постојат приказни што ретко се слушаат. Приказни за ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека во изминатото деноноќие биле евидентирани четири случаи на семејно насилство, а две лица биле лишени од слобода по пријави за физички напади и закани. Во првиот случај, утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријавила дека на 13 мај, во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г. (32). Според пријавата, покрај неа, ...

