На 11 март од 20 часот во Филхармонијата, концерт ќе одржи Симфонискиот оркестар на американскиот Универзитет Јеил. Овој оркестар има одржано повеќе турнеи низ светот и соработува со познати музичари од класичната музика. Во Скопје доаѓа за првпат како дел од европската турнеја. Се смета за еден од најважните младински оркестри во САД. Младите музичари кои членуваат во Симфонискиот оркестар на Јеил ја продолжуваат својата кариера во ...

Шведскиот кантавтор Џеј-Џеј Јохансон ќе гостува во Скопје на 12 март, а неговиот прв концерт во Македонија ќе се одржи во малата сала на Филхармонијата, објави „Друга страна“. Педесет и шестгодишниот Јохансон, кој е познат по својот меланхоличен глас, досега има објавено 14 албуми, на кои има вклучено елементи на трип-хоп и електроника. Неговиот последен албум „Фетиш“ излезе во 2023 и беше проследен со светска турнеја, во рамките на која сега ...