Напомена: Не е докажано дека методот што е прикажан во приказната функционира при напад на мечка Двајца пријатели одеа заедно низ шумата, кога одеднаш, огромна Мечка искокна од грмушката близу нив. Еден од мажите, за да се спаси се качи на најблиското дрво, а оној што остана сам, се сети да легне и да се прави мртов, бидејќи беше чул дека Мечка не допира мртов човек. И сигурно беше вистина, затоа што Мечката застана му продушка околу главата и ...

На една плажа, крај синиот океан се шетаа малото Ракче и неговата мајка. Ракчето, љубопитно и среќно затоа што денот беше убав, одеше малку понапред додека мајка му го гледаше. Така трчкајќи, те на оваа, те на онаа страна, малото Ракче наеднаш застана кога го чу гласот на мајка си. „Зошто одиш така настрана?“ го праша. „Секогаш треба да одиш право, со прстите исправени.“ продолжи таа. „Покажи ми тогаш како треба да одам, мамо,“ послушно одговори ...

Еден ден Лисицата здогледа зрело грозје како како виси крај едно големо и високо дрво. Гроздовите изгледаа прекрасно, беа толку зрели и сочни што лисицата мораше неколку пати да подголтне пред да се доближи и да ги скине. Но, на нејзина несреќа гроздовите беа потпрени на една од повисоките гранки на дрвото, сепак Лисицата се реши да се обиде. Скокна еднаш – не успеа. Скокна двапати – не успеа. Кога и по третиот пат Лисицата остана со празни ...