„Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес, понеделник, 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност. И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно ...
Денешното утро во Македонија беше значително ладно со појава на умерена облачност и беше тивко без ветер. На многу места ова утро беа измерени и минусни температури така што во поголем дел од Македонија имаше појава на слана и на мраз. Најниска температура од -4 степени ова утро е измерена во Берово. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени по градови и места во Македонија ова утро до 7 часот и тоа на ...

