Азербејџан е новата држава што Иран ја вовлече во војната на Блискиот Исток, откако ирански дрон погоди еден од аеродромите во азербејџанската енклава Нахчиван. Азербејџан постави дополнитлени сили на границата со Иран и вети одмазда. Иран го негираше нападот. Велат, тие не гранатирале. Истото го тврдеа и за ракетата упатена кон Турција што беше соборена од НАТО. Го гаѓале Кипар, ама проектилот ја загубил рутата и тргнал во погрешна насока, ...

Иран денес го нападна Азербејџан со беспилотни летала, што, според Баку, влегле во азербејџанската ексклава Нахчиван и погодиле цивилни објекти, при што беа повредени четири лица и беше оштетен терминалот на Меѓународниот аеродром Нахчиван, а уште еден дрон паднал во близина на училиште. Азербејџан отвори кривична истрага, го повика иранскиот амбасадор и најави одмазднички мерки, додека Техеран негира дека стои зад нападот и тврди дека ...