Рускиот претседател Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот во разговорот со Доналд Трамп, одржан вчера по телефон, но изрази подготвеност да разговара за потпишување меморандум кој би бил основа за потенцијален иден мировен договор. Информацијата ја потврди Михаил Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател, кој напиша на платформата Х дека „по разговорот Трамп–Путин, статусот кво не се промени“. – Украина и понатаму ...

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата подготвеност да влијае врз мировниот процес, но и за единството на трансатлантските партнери, јавуваат западните медиуми. И покрај надежите, двочасовниот разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не донесе конкретен напредок. Наместо тоа, ...