Почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов (61) кој живееше и твореше во Берлин, Германија. Јован Балов имаше своевидна амбасадорска улога за македонската култура кога во 2004 година во Берлин ја отвори галеријата „Прима центар“, каде што на негова иницијатива се одвиваше интензивен ликовен живот на уметници од Македонија и од регионот. Сликарот Јован Балов е роден во Скопје на 6 ноември 1961 година. Студиите ги завршил на Факултетот за ...

Синоќа (сабота, 15 октомври 2022) во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947 – 2022). Марин Бабиќ (роден 24 октомври 1947 Белград – 15 октомври 2022 Скопје) во 1971 година дипломирал на Театарската Академија во Софија и истата година се вработил во Драмски Театар Скопје. Учествувал во бројни и значајни улоги во бројни претстави не само во Драмскиот театар, туку и во ...