„Во текот на вчерашниот ден, од страна на изведувачот на градежните работи на локацијата каде што треба да „никне“ новата противпожарна зграда, најдена е поголема количина на лесно оружје. Активностите во моментот се стопирани. Пријавено е според правилата до Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и заедно сме тука со претставниците на Дирекцијата, видовме и дел од оружјето, тоа се претежно пушки, над 100 парчиња ...
На просторот во поранешната Касарна, на локацијата каде Општина Битола започнува со изградбата на новиот противпожарен дом, пронајдени се над 100 парчиња пушки за кои се смета дека датираат од Балканските војни. Поради ова градежните работи се привремено запрени. Надлежните служби, веднаш излегоа на терен. Градоначалникот Тони Коњановски очекува да се провери теренот и оружјето да биде брзо отстрането за да продолжи изградбата. „Во текот на ...