Силните дождови што го погодија поголемиот дел од Грција, оставајќи две лица мртви и попречувајќи ги училиштата и транспортот, се насочија кон исток во четврток кон островите на Егејското Море, каде што се прогнозираат бурни ветрови, јавува Катимерини. Островите на северниот дел на Егејското Море се прогласени за состојба на тревога. Метеорологот Димитрис Зијакопулос рече дека главниот проблем во четврток ќе бидат силните ветрови во ...
Две лица го загубија животот во силна бура проследена со обилни врнежи и урагански ветрови што го зафатија поголемиот дел од Грција. Најтешко погоден беше регионот Атика, каде што обилните дождови предизвикаа поплави, сообраќаен хаос и стотици интервенции на службите за итни случаи, објави „Грик репортер“. Во јужното атинско предградие Глифада животот го загуби 56-годишна жена која била однесена од силен порој додека пешачела по улица. ...

