Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со огромни разлики од еден до друг регион. Во Македонија во 2024 година имало само 235 патронажни сестри, а во тетовскиот здравствен регион една сестра во просек покривала повеќе од 33.000 жители. Податоците од Здравствената карта на Институтот ...

Општина Тетово со над 60.000 жители има пет патронажни сестри, а скопската Општина Карпош, исто со над 60. 000 жители, има две патронажни сестри. Недостиг на кадар, стареење на патронажната служба, долготрајни договори на дело и нејасно дефинирани професионални компетенции се дел од проблемите со кои со години се соочуваат патронажните сестри. Претседателката на Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, ...