По повод 71 година од своето постоење Ансамбл Керамичар од Велес утре вечер ќе одржи целовечерен концерт под наслов „Трагите на традицијата во нас“. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Младински парк, со почеток во 18:00 часот и претставува вистинска културна прослава на народното богатство, традицијата и фолклорот. На концертот ќе настапат сите активни членови на ансамблот, поделени по возрасни групи, како и гостинските ансамбли КУД „Славко ...

Под слоганот „Трагите на традицијата во нас“, во саботата вечер, Ансамбл Керамичар уште еднаш покажа дека љубовта кон македонскиот фолклор не згаснува – таа живее, расте и се пренесува од генерација на генерација. Во амфитеатарот на Младински парк, пред полн капацитет публика, ансамблот го одбележа 71 година постоење со концерт кој претставуваше огниште на традицијата. Концертната програма започна со настап на најмладите членови – третата група ...