Со свечена седница, културно-уметничка програма, доделување признанија и низа активности за сите генерации, Општина Чашка утре, 21 август, ќе одбележи 29 години од своето постоење. Централниот настан по повод Денот на општината ќе се одржи во 10:00 часот, во салата за манифестации на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка, каде ќе се одржи свечена седница на која ќе присуствуваат членовите на Советот на општина Чашка како и бројни гости. Свеченоста ќе биде ...
Да се биде градоначалник на една од најголемите по територија и мултиетнички општини во Македонија е чест и во исто време обврска која носи голем број на предизвици. Пред осум години задолжена, со блокирана жиро сметка а денеска функционална, без долгови и со голем број на реализирани како и проекти кои се добиени и следи нивно реализирање, рече во денешното обраќање пред присутните гости на денот на Општина Чашка, градоначалникот Горан ...