Во месецот посветен на спиналната мускулна атрофија, ја најавуваме вистинската приказна на Христијан – нашиот редок херој со SMA тип 1. Неговата животна приказна ќе ја раскаже неговата мајка Данче – искрено, храбро и со љубовта што само еден родител може да ја претвори во сила. Спиналната мускулна атрофија (SMA) е ретка наследна невромускулна болест која ги зафаќа моторните неврони и може да влијае врз движењето, дишењето и хранењето. Денес ...

Христијан: Приказна за борба, надеж и едно големо чудо Христијан е моето второ дете, родено од уредна бременост. 👶 Се роди со Апгар 9/10 — прекрасно, здраво бебе. Никој не можеше ни да претпостави дека зад тие мали очи и таа невина насмевка ќе започне една од најголемите борби во нашиот живот. 🕊️ Кога имаше неполни два месеци, забележав дека не ги мрда ножињата толку силно како што тоа го правеше неговиот брат на таа возраст. Како мајка, ...