Единствената разлика помеѓу Тебе и мене Освен тоа што си ти женско А јас Ти Освен тоа што си Ти во право А јас виновен Освен тоа Што ти мислиш Дека некаде одиш А јас знам дека Во место стојам Освен тоа што тебе Стравот те изеде А јас премногу стравови Бројам Единствената разлика помеѓу Тебе и мене Освен тоа што си ти Ладна (Јас горам) Освен тоа што си ти За празнина гладна А јас до крај ќе те Изморам Освен тоа што јас сум Мек како лепче А ти ...
Пишува: Владимир Д. Јанковиќ На тромеѓата помеѓу Коњарник, Зелено Брдо и Мали Мокри Луг слободата можеби не умее да пее, но во срцето ја пречистува тагата. Во животот многу често го споменував стихот на Милан Младеновиќ „во секој пораз јас видов дел од слободата“, толку често што, не еднаш, се прашав себе: зошто ми е мене толкава слобда, толку видувања со неа? Вистинскиот пораз, притоа, подразбира дека сме сами, значи лично одговорни за него. ...
Малку поспа. Оној сосема опуштен сон кој трае петнаесеттина, дваесеттина минути. Навистина мораше некаде да стигне, но тоа морање сепак не беше сосема задолжително; можеше и да не стигне. И Рајна малку се размрда и рече: „Ние, изгледа, малку поспавме“. Веќе познатото чувство на празнина, некоја поинаква празнина, го обзеде Игор и тоа повеќе во ушите и слепоочниците, отколку во било кој друг дел од телото. Ниту краткиот сон, ниту тоа будење не ...
Пишува: Владимир Д. Јанковиќ Најтешко беше тоа пакување на црната ролка. Прво ја рашири на креветот, па ја сврте, па повторно ја рашири, па ги диплеше ракавите. Па повторно, божем, ја протресе, ја рашири. Убава црна ролка. Потоа повторно онака ја сврте, па ги свитка ракавите, па целата ја превитка, внимавајќи да биде што подобро спакувана. А никогаш не умееше облеката добро да ја здипли; со кратки ракави некако и успеваше, со долги – тешко. Дури ...