Анте Поповски е роден на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. На денешен ден се родил, а да беше меѓу нас ќе го прославуваше 91 роденден. Тој ќе биде вечно присутен преку неговото творештво, сè додека има кој да го зачува, негува и почитува. Вечност постанал со неговото заминување, преминал од овоземниот во другиот свет оставајќи ни трајни литературни белези во аманет. Во продолжение неговата песна „Вечности“ од збирката „Ненасловена“ ...
Пред да се раздени За неа беше разденето Пред да се стемни За неа беше стемнето. Го преврзуваше сонцето со влажна шамија И го успиваше крај неа. Ние, дури чекавме да расцутат овошките, Таа веќе ги береше плодовите од нив Полни чинии поставуваше пред нас И ништо не ја возбудуваше. Ние ќе ѝ покажевме камена птица што лета Таа ќе речеше: Да тоа сум јас, Птица во окото на сонцето! Ќе ѝ принесевме сини цветови што ги брал Aлександар Македонски покрај ...