На античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, вечерва со Концерт на групата „Леб и сол“, започнува 17 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Со концертот во Битола, легендарната група, ја започнува својата турнеја за одбележување на 50 години на музичката сцена. Влезници по цена од 400 денари, можат да се набават во Офицерски дом и Хераклеја од 10:00 до 20.30 часот. Официјалната програма на БИТ ФЕСТ ќе трае од 26 јуни до 31 август, но ...
Со настап на легендарниот македонски бенд „Леб и сол“, во чиј актуелен состав се басистот Бодан Арсовски, клавијатуристот Кокан Димушевски, тапанарот Михаил Парушев и гитаристот Димитар Божиков, синоќа во античкиот локалитет Хераклеја во Битола, беше отворено 17. издание на Битолското културно лето „Битфест“. Со концертот бендот во Битола одбележа и 50 години музичка кариера. „Убав народ дојде на Хераклеја, бевме понесени од нивната енергија. ...