Владата нема да го прифати т.н. француски предлог со отворени раце и без испорака од страна на Европската Унија и Бугарија, кажа премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание во Прилеп. Тој побара јасни гаранции од Европскиот совет дека нема проблем со македонскиот идентитет, јазик и култура, како и Бугарија да ги спроведе пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за правата на Македонците. ...
Премиерот Христијан Мицкоски од Свечената академија во Прилеп порача дека за да направиме рестарт на системот, потребна е општествена мобилизација. -И тоа не само мобилизација на политичките елити, туку мислам на длабока мобилизација на сите структури во општеството. Академската средина се подели на „про наши“ и „про нивни“, додека пак МАНУ секогаш за сите прашања е поттурнувана на страна и се водат чудни полемики за проценти на застапеност, за ...