На 20.01.2025 околу 14.45 часот на ул. „Пере Тошев“ во Охрид од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, лишен од слобода е Б.И. (35) од с. Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот. Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена ...