Македонија трета во Европа по нивото на економски раст, веднаш зад Ирска и Данска. Зголемувањето на БДП во третиот квартал изнесува 3,8%, што е повеќе и од земјите во регионот, од Србија со Црна Гора, Бугарија . Најголем придонес кон растот на економијата има зголемувањето на бруто инвестициите од 30,6%. За министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска тоа е доказ дека во Македонија владее поволна бизнис клима и е позитивен сигнал за ...

Реалниот раст на бруто-домашниот производ во третиот квартал од 2025 година достигна 3,8%, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција, повикувајќи се на најновите податоци на Државниот завод за статистика. Со ваквиот резултат, Македонија се искачува на трето место во Европа по економски раст во овој период, зад Ирска и Данска. Министерката нагласи дека економијата продолжува со забрзано темпо по растот од ...