Со длабока тага ја примивме веста за трагичната загуба на млади животи. Оваа ненадоместлива болка ја чувствуваме сите – нивните семејства, пријатели и целата заедница. Како лекари и медицински персонал, стоиме заедно со вас во овие тешки моменти. Како Општа болница, ја нудиме нашата целосна поддршка – медицинска, психолошка и човечка. Нашиот тим е подготвен да помогне секому што има потреба. Во името на целиот медицински персонал, изразуваме ...

ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга и ЈЗУ Општа Болница Охрид ги ставаат на располагање своите ресурси за настраданите во Кочани. Ве известуваме дека ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга, со сите свои ресурси се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга. Од двете Болници изразуваат ...