Помеѓу 08:00 и 10:30 часот, утре, вторник 21 јули, екипа на ЈЗУ Здравствен дом Велес ќе реализира бесплатни превентивни прегледи , давање на совети, мерење на крвен притисок и мерење на шеќер во крвта на нова локација во градот. „Ги очекуваме граѓаните утре во дворот на ООУ Панко Брашнаров Велес,“ соопштија денеска од јавната здравствена институција. Станува збор за превентивни здравствени услуги кои што на велешани им се нудат во текот на ...

Голем број на граѓани, денешното утро на пазарниот ден вторник, го искористија и за бесплатно мерење на крвен притисок и проверка на нивото на шекер во крвта кои како превентивна заштита ги спроведе медицински тим на ЈЗУ„Здравствен дом“ Велес. Екипата составена од здравствени работници и две ученички практикантки од Медицинската паралелка на ССОУ „Димитрија Чуповски“,утрово од 08:00 до 10:30 часот беше на локација во двор на ООУ„Панко ...