Имавме по дваесет и нешто години кога жицата се скина и сѐ она што вриеше измеѓу едноставно прекина. Слави, родендени, слични кругови…Се среќававме во наредните три месеци, после и тоа испари. Секој на своја страна, во свој свет и галаксија. Триесет и нешто, четириесет и нешто… Изминаа ко кругчиња направени од чад од цигара. На педесет и нешто се сретнавме во темната кафана, таа на крајот од светот, таму кај што одат, кога животот ќе ги одмине, ...

Гледаме вести – црни хроники, тага и очај. Гледаме вести. Читаме весници ко маѓепсани, ко изгубени. Не можеме да одолееме на апатијата што излегува од таа магична кутија и затоа не се помрднуваме, ниту трепкаме, ниту подголтуваме. Се навикнавме – велат нашите. Нема ништо убаво – велат помладите. Родени во општество со граници, да веруваат во сѐ грдо што ќе речат весници, портали и телевизии. Толку заслепени, безнадежни што не ни го бараат ...