Али Сами Јен уште еднаш докажа зошто е најстрашното гостување во Европа. Во првиот меч од плеј-офот во Лигата на шампионите, Галатасарај славеше со убедливи 5:2 против Јувентус, во натпревар кој понуди сè – од пресврти и мајстории, до црвен картон и тотална катастрофа на гостите. Експресен почеток и шоу на Копмајнерс Натпреварот започна „огнено“. Габриел Сара го запали стадионот со гол во 15-та минута, но славјето траеше помалку од 60 секунди ...

Синоќа се одиграа првите плеј-оф натпревари во фудбалската Лига на шампиони. Најинтересно беше во Истанбул каде Галатасарај и Јувентус одиграа спектакуларен меч со 7 голови во кој славеше турскиот гигант. Во француската пресметка ПСЖ со пресврт славеше над Монако, а мечот во Лисабон помеѓу Бенфика и Реалл Мадрид го одбележе 10-минутен прекин поради наводни расистички навреди кон стрелецот на единствениот гол, Винисиус Јуниор, на што му ...