Врамена слика стои на ѕидот валкан во собата каде одамна не влегол никој на сликата едно минато се прикажува прашината ѕирка, по споменот се тагува. Во другата соба стои маса расклатена од човечка рака одамна недопрена со пајажина и прав место чаршав распослана од четири столици останати се само две едната без една ногалка другата без потпирач бледи сенки на некогашно постоење. Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ ...
Копнеж за недофатливо, вечен траг за смисла, заборав на она што ќе биде некогаш, како усовршено и сè уште неусовршено битие што му ја намалува вредноста на секое ситно коцкиче, за утре кога ќе се разбуди да се прашува зошто и каде му беше заборавено делчето и која е сложувалката за чие решавање немаше материјал. Кој ли беше влегол во машината во изградба за таа да покаже поместена, но сепак нормална реалност? Дали реалноста може да се измери ако ...