Денес, на неговиот роденден, читаме поезија од македонскиот поетски великан Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 — Скопје, 22 мај 2010). Една од неговите најпознати песни во која толку добро го опишува нашето секојдневие. Нашинска Да ние е да сме доста колку да се разбистри небото над Бистрине, Корабине – Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине – Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во колено ...
Има ли смисла, навистина, Уште да се пишува, Кога е веќе толку и толку изнапишано? Има ли смисла, луѓе мои, Мислата да се цеди, Кога е веќе сè доисцедено? Зборот, комај ни се доизарчил, Не велиме – пресушил, Бидејќи животот Познава препознатливост… Кажуваме за точката! Местото нејзино е Таму кадешто завршува јаснотијата На реченото. Па ако нешто го преднасетува крајот Редно е да се помисли И на точката, т.е. Да се изнајде право место за неа И да ...