Како што се наближува денот за доделувањето на новогодишните подароци и исполнување на новогодишните желби на децата во социјален ризик од Охрид и Дебрца, така расте возбудата на волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид за подготовка на настанот „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој за 2 дена, во четврток, 25.12.2025 година ќе се реализира во Ohrid Mall со почеток во 13 ч. Изразуваме благодарност до сите добронамерни и хумани луѓе кои избрале волшебен ...
Со изведба на Новогодишните песни, дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од традиционалната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид, „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој вчера се одржа во Ohrid Mall. Бројни наши хумани сограѓани, институции, здруженија, поединци, се вклучија во оваа хуманитарна акција, исполнувајќи ги новогодишните желби означени во волшебните лампиони и обезбедија соодветни подароци кои волонтерите на Црвен крст Охрид, ...

