Градскиот ракометен клуб Охрид ќе биде 2-ра година по ред дел од Европската сцена и ќе ги претставува Охрид и Македонија во ЕХФ Европскиот Куп, овојпат како носител. ГРК Охрид стартува од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде за противник ќе ја има екипата на Баки од Азербејџан. Натпреварите се играат на 11 и 12 октомври (двете на домашен терен) од 18:00 часот. Бидете 8-ми играч на екипата и дел од овој спектакл во СРЦ Билјанини Извори!, ...

Секогаш може подобро, но јас сум задоволен од стартот на сезоната на ГРК Охрид со оглед на распоредот и повредите со кои се соочуваме, изјави тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ во Спорт + на Охридњуз. Почнавме да носиме бодови од гостувањата кај најсилните екипи што не беше случај до сега, но треба да бидеме реални, Пелистер и Вардар имаат сериозни екипи од рангот на Лига на шампиони и во моментов се пред пред нас. Ние штотуку почнавме да го ...