Реконструкцијата на грчката влада што ја спроведе премиерот Киријакос Мицотакис дојде откако европските обвинители ја проширија истрагата за измами со земјоделски субвенции од ЕУ. Според Reuters и Европското јавно обвинителство, скандалот се врзува за агенцијата ОПЕКЕПЕ, преку која годишно се распределуваат повеќе од две милијарди евра европска помош за земјоделството, а истрагата опфаќа наводи дека биле лажно прикажувани пасишта и добиток за ...
Да се стрпиме неколку недели или месеци и додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања. Тој, најави дека прво ќе следи како што рече, реструктурирање во партијата до крајот на април и почетокот на мај, а потоа, во мај-јуни, ќе се посветат на евентуални промени и на договори во коалицијата. „Очекувам дека до крајот на април или ...

