Ед Ширан ѝ се придружи на Тејлор Свифт на сцената на стадионот „Вембли“ во Лондон откако таа го почна последниот дел од својата мегауспешна светска турнеја „Ери“. Изведувајќи мешавина од двете песни што ги имаат снимени заедно, Свифт му се заблагодари на „најдобриот пријател“ Ширан што настапи со неа пред 92.000 фанови. Ова беше првиот настап на 34-годишната Свифт откако беа откажани нејзините три концерти во Виена поради закана од терористички ...

Светската поп сензација Тејлор Свифт (34) го одржа првиот од петте закажани концерти на стадионот Вембли во Лондон, една недела по откажувањето на нејзините концерти во австриската престолнина Виена. За потсетување, организаторите поради терористичката закана решија да ги откажат сите три концерти планирани во Виена на 8, 9 и 10 август, а нејзините обожаватели се собраа на улиците на Виена и ги пееја хитовите на Тејлор Свифт. Како гостин на ...