Дозволете пред се една мала напомена. Од некои вчера бев прозван дека читам од ливчиња - да имам повторно. Моите почитувани, стари професори, говореа: Добро е да се запишува, добро е да се чита, за разлика од тие кои ме прозваа, кои ниту запишуваат, ниту читаат, а ниту знаат. Основа на сето тоа е незаконското работење – тоа добро го знаат. Вчерашната седница на Советот, е уште една потврда за кочниците и блокадите кои што ги прави ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски ќе побара од Државниот инспекторат за локална самоуправа да изврши вонреден инспекциски надзор врз работата на Советот, зашто смета дека вчерашното разрешување на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија беше извршено нестатутарно. На вчерашната седница, советниците на СДСМ, ДУИ, ДОМ, Понаку и Левица создавајќи своевидно ново мнозинство гласаа за разрешување на управните тела во шест ...