Викендов, прекрасната Струга повторно ќе биде епицентар на спортскиот дух и здравиот начин на живот. Утре се одржува традиционалниот триатлон, настан кој секоја година станува сè помасовен и обединува натпреварувачи од сите генерации – од искусни и професионални триатлонци до најмладите спортски надежи. Да ги бодриме сите учесници, а посебно најмладите херои! Спортска Станица упатува отворен повик до сите граѓани, гости и посетители на Струга ...

Охридското Езеро утрово станува спортска арена, а Струга центар на македонскиот триатлон. Во 08:00 часот стартува Националното триатлон-првенство на Македонија, на кое натпреварувачите ќе ги спојат пливањето, велосипедизмот и трчањето во една од визуелно најатрактивните домашни спортски трки. Традиционалниот триатлон „3 Дисциплини“ годинава се одржува по 14-ти пат во Струга. Стартот и целта се поставени во близина на Евро Хотел, на ...