Три во едно. Младите велешани имаат можност од една страна да ја заштитат животната средина во општина Велес и наместо облеката и обувките кои што не ги користат да завршат во контејнер, а потоа и на градска депонија, да ги спакуваат и донираат со што ќе покажат епматија кон врсници на кои тие можат да им послужат. „Со тоа што на облеката или обувките што повеќе не ги носат а се чисти, зачувани и носливи, младите во нашиот град, општина или ...

Граѓани, ученици и млади од Велес уште еднаш покажаа дека хуманоста и грижата за животната средина се вредна човечка одлика. Сите со голем интерес и позитивна енергија, се вклучија во акцијата „Еко креатори“, организирана од Младински центар Велес. Вчера 13 и денеска 14 мај, просторија 2 на Младински центар, беше исполнета со донации од облека и обувки кои граѓаните повеќе не ги користат и подготвено ги предадоа за повторна употреба. ...