Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел. -На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на предизвиците во периодот на закрепнување, како и за можните облици на понатамошна поддршка и продлабочување на соработката меѓу Општината и холандските партнери, информира службата за комуникации на локалната самоуправа. Во ...

Амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, која денеска е во посета на Кочани, оствари средба и со членови на Здружението на граѓаните „16 март 2025 Кочани“. Иако во рамки на дипломатски проткол, средбата се одвивала во исклучително блиска и топла атмосфера, соопштуваат од Здружението, каде што членуваат семејства на починати во трагедијата од 16 март лани. – Родителите со длабока и достоинствена искреност ги споделија своите болки, ...