Калиопи сношти (2 Aвгуст) одржа фантастичен концерт во Охрид, на Античкиот театар како убава прослава на Илинден. Долги години немаше концерти во Македонија, и точно се виде дека на публиката ѝ фалел нејзиниот моќен глас, енергијата и срцето кое го дава на сцената. „Таа е примадона, ѝ нема рамна“, коментираше еден турист од Србија во публиката. Имаше публика од цела Македонија, од регионот и фанови на Калиопи од странство, кои ја следат од ...

По 16 години, Лени Кравиц се врати во Охрид и одржа енергичен концерт со својот бенд на стадионот „Билјанини извори“. На истото место, американската рок ѕвезда свиреше на 3 август 2008 пред 12.000 луѓе, исто во организација на „Авалон“. Кравиц го почна настапот енергично, со хитот „Are You Gonna Go My Way“ и продолжи да ја шета публиката низ времето. Повеќето во публиката биле тинјеџери во 1991 кога ја објави баладата „It Ain’t Over Til It’s ...