На 24.10.2025 во 00:10 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 17 –годишник од Република Албанија. Претходно, тој е затекнат во влез во зграда на улицата „7 Ноември“ и по преземени мерки констатирано е дека илегално влегол во државата и сторил прекршок по член 10 од Законот за странци. Тој е задржан во полициска станица и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Стружанец на 44-годишна возраст е приведен ноќеска откако физички нападнал полициски службеници кои интервенирале при откриен незаконски риболов на Црн Дрим. Инцидентот се случил десет минути по полноќ, кога екипа од ОВР Струга го затекнала Б.Б. со уште неколку лица крај реката и го спречила во обид да избега. Според СВР Охрид, осомничениот пружил активен отпор и нападнал полицајци за време на службените дејствија, по што бил совладан и ...

