Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, само од почетокот на годинава има две убиства на жени, а лани имало речиси 5 илјади пријави за семејно насилство. Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Собранието на седницата посветена на „правата и можностите на жените“. Претседателката од говорницата запраша како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали, зошто системот на социјална заштита, ...

По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената. Долго се думав, дали има смисла да зборувам, по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траурна атмосфера по смртта на Ивана и Катја, Сизифовски напори да потсетувам на женската ...