Српската поп-пејачка Александра Радовиќ на 6 април ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата од 20 часот. Радовиќ важи за еден од најквалитетните женски поп-вокали во регионот, а автор и продуцент на повеќето од нејзините песни е Дарко Димитров. Радовиќ ја започна музичката кариера во 2003 на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови со песната „Како сол во морето“ (Као со у мору), која и денес e еден од нејзините најголеми хитови. Има ...
Израелската пејачка Јасмин Леви ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата на 7 април од 20 часот. Леви е родена и израсната на Блиски Исток. Пораснала под влијание на разни музички правци, од класичната музика до современиот џез, кои ги има и во нејзината музика. Повеќето песни на Леви се на шпански јазик, а таа пишува музика инспирирана од нејзините музички идоли Лучано Павароти, Едит Пјаф, Били Холидеј и фламенко-пејачот Антонио Молина. ...