Доналд Трамп кажа дека акцијата за фаќање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се вклопува во неговите приоритети „Америка на прво место“ и ја оправда со доктрина создадена пред повеќе од 200 години. „Американската доминација во западната хемисфера веќе никогаш нема да се доведува во прашање“, кажа Трамп. Тој појасни дека воената акција е во согласност со Доктрината Монро, именувана според петтиот американски претседател Џејмс Монро, ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД „ја презеле контролата“ врз Венецуела и „се справуваат со луѓето што штотуку ја презедоа функцијата“, очигледно мислејќи на потпретседателката Делси Родригез, која е вршител на должноста претседател. „Не ме прашувајте кој е надлежен, бидејќи јас ќе ви дадам одговор и тој ќе биде многу контроверзен“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“, објави Си-Ен-Ен. Кога го прашале што мисли, тој ...