Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски: Путин е безвреден лидер

24 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Украинскиот претседател го прозва Путин дека „молчеше еден ден“ пред лажно да ја обвини Украина во „целосно предвидлив“ потег.

Зеленски му предложи на Путин да ги искористи илјадниците Руси, кои умираат на украинска територија, да ги запрат терористите дома. 

„Тие донесоа стотици илјади свои терористи овде, на украинска територија. Тие се борат против нас и не им е грижа што се случува во нивната земја“, рече тој.

„Сето ова се случи вчера, а овој безвреден Путин, наместо да се занимава со граѓаните на Русија, да им се обраќа, молчеше еден ден - мислејќи како да го поврзе со Украина. Сè е сосема предвидливо. Стотици илјади Руси кои во моментов умираат на украинско тло сигурно ќе бидат доволни за да ги запрат сите терористи“, заклучи украинскиот претседател Володомир Зеленски во реакцијата на терористичкиот напад во Москва и обвинувањата од рускиот претседател и руската служба за безбедност (ФСБ) дека Украина имала конекции со терористите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ