Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Франција привремено ја повлече својата амбасадорка од Азербејџан заради „консултации“

17 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Франција ја отповика својата амбасадорка во Азербејџан Ан Бојон „на консултации“, се наведува во вчерашното соопштение на француското Министерство за надворешни работи, во кое се нагласува дека во последните месеци Баку презел „еднострани дејствија кои им штетат на односите“ со Париз.

Претседателот Емануел Макрон „разговараше со нашата амбасадорка за ова прашање“. „Тој изрази жалење за постапките на Азербејџан и изрази надеж дека азербејџанската страна ќе ги разјасни своите намери“, се додава во соопштението на француското МНР.

Односите меѓу Франција и Азербејџан се влошија во последните месеци, а шефот на азербејџанската држава Илхам Алиев го критикуваше Париз за поддршката на Ерменија во територијалниот спор меѓу Ереван и Баку. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ