Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Исчезна богата 16- годишна наследничка од Калифорнија- ќерка е на основачот на " Slack"

25 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Минт Батерфилд (16), ќерка на богатиот бизнисмен Стјуарт Батерфилд, последен пат била видена во неделата вечерта околу 22 часот во Болинас, Калифорнија.

Нејзиното исчезнување го пријавила нејзината мајка следното утро, пишува Daily Mail.

Тинејџерката посетувала приватен интернат во блиската долина Напа, а сега се стравува дека е во озлогласената градска населба Тендерлоин.

Оваа населба со децении е синоним за злоупотреба на дрога, криминал и бездомништво.

Канцеларијата на шерифот на округот Марин објави флаер за исчезнато лице, со фотографија на Минт.

Според Сан Франциско Стандард, Минт има историја на злоупотреба на супстанции и е познато дека често го посетува Тендерлоин. Полицијата се уште не соопштува дали таа доброволно си заминала и дали има некакви сугестии дека била задржана против нејзина волја.

Нејзиниот татко е ко-основач на апликацијата за пораки Slack и моментално вреди 1,6 милијарди долари.

Slack го купи Salesforce во 2021 година за 28 милијарди долари, а Батерфилд ја напушти компанијата во 2022 година.

Нејзините родители се разведени, а Минт живеела со нејзината мајка во моментот на нејзиното исчезнување.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ