Минатата недела Кејт Мидлтон го шокираше светот со веста дека боледува од рак. Фановите ширум светот, особено членовите на кралското семејство, беа уништени. Иако многумина веруваа дека оваа тешка ситуација ќе ги зближи принцот Вилијам и принцот Хари, се чини, дека до помирување на браќата нема да дојде.
Се верува дека Хари и Меган „приватно“ контактирале со принцот и принцезата од Велс, дури откако Кејт во емотивна видеопорака откри дека прима „превентивна“ хемотерапија.
Истата информација се шири и во Соединетите Американски Држави. Кралскиот експерт тврди дека Кејт избрала да ја скрие дијагнозата од Меган и Хари затоа што „не може да им се верува“, пишува Сан.
И покрај сè, соло посетата на Хари на Велика Британија во мај може да биде можност да се изгради врска со неговиот брат Вилијам.
Извори блиски до Вилијам и Кејт сугерираат дека со дијагнозата на рак на Кејт и Чарлс, „проблемот на Хари“ е последното нешто што им е на ум, пренесува Телеграф.
За потсетување, принцезата од Велс во длабоко емотивна видеопорака откри дека дијагнозата на ракот била огромен шок за неа и дека таа и Вилијам прават се што можат за да ја обработат и решат ситуацијата во нивните четири ѕида во корист на нивното младо семејство. Кенсингтонската палата соопшти дека нема да објавува детали за тоа каков вид на рак има принцезата или во која фаза е и побара од сите да не шпекулираат.