Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Елиминацијата на Барса на Атлетико Мадрид му донесе 50 милиони евра!

17 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Атлетико Мадрид синоќа на „Сигнал Идуна Парк“ се прости од ЛШ откако во реваншот во 1/4 финалето беше поразен од Борусија Дортмунд со 4:2.

Сепак „јорганџиите“ слушнаа убава вест од Барселона, која исто така беше елиминирана, но од ПСЖ.

Имено елиминацијата на Барса на Атлетико Мадрид му донесе 50 милиони евра или пласман на СП клупско првенство.

Барса ако сакаше да игра на СП мораше да се пласира најмалку во финалето во ЛШ.

Инаку познати се од 11 од 12 екипи од Европа кои ќе играат на СП кое ќе се одржи во САД следната година.

Засега сигурни се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Челзи, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Дортмунд, Јувентус и Атлетико Мадрид.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ