Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најмалку 11 лица исчезнаа во поплавите во кинеската провинција Гуандонг

22 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поради поплавите повеќе од 50.000 луѓе се раселени, соопшти Одделот за управување со вонредни состојби во Гуангдонг, пренесува Чајна дејли.

Лошото време најмногу ги погоди градовите Шаогуан, Гуангжу, Хехуан, Џаокинг, Меиџоу и Хуиџоу.

Британските медиуми пренесуваат дека во помош на погодената провинција притекна и кинеската армија, помагајќи пред се во расчистување на патиштата.

Кинеската влада вчера го одобри спроведувањето на плановите за вонредни состојби поради заканата од поплави во провинцијата Гуангдонг, кои им се закануваат на 127 милиони жители.

Метеоролозите вчера објавија дека водостојот на реката во некои делови на провинцијата достигна ниво што се бележи само еднаш во 50 години./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ